Индустриското производство во САД закрепна од последиците од „Сенди“

Од:

Индустриското производство во САД минатиот месец закрепна од последиците од ураганот „Сенди“, кој кон крајот на октомври го погоди североисточниот дел на земјата, соопшти американската Управа за федерални резерви (ФЕД).

Во соопштението се наведува дека индустриското производство во ноември е зголемено за 1,1, процент на месечно ниво, по падот во октомври од 0.7 отсто.

– Растот во ноември во најголем дел е поради заздравувањето на производството во индистриите врз кои имаше негативен ефект ураганот Сенди, се наведува во соопштението на ФЕД.

Активностите на преработувачкиот сектор минатиот месец во САД е зголемен за 1,1 процент, по падот во октомври од еден отсто, што исто така е последица од заздравувањето по ураганот и наглиот раст на производството на моторни возила и делови од 4,5 проценти.

На годишно ниво американското индустриско производство во ноември е зголемено за 2,5 отсто, првенствено благодарение на растот на производството на работна оперма, се наведува во соопштението на ФЕД.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД