Индонезиските државни службеници не смеат да примаат подароци за Бајрам

Од:

Индонезиската Антикорупциска комисија денеска издаде соопштение со кое ги потсетува државните функционери и службеници дека законот им забранува да примаат подароци по повод празникот Бајрам, кој во малајскиот свет се нарекува „Идул Фитри“.

Според законот за сузбивање на корупцијата, тие што примаат државна плата не смеат да примаат подароци во вид на пари, каква и да е стока или ваучери за патувања или летувања, а дури не смеат да прифатат ни покани за престој кај луѓе што не им се роднини или докажани повеќегодишни семејни пријатели.

Строгиот индонезиски закон против корупцијата, донесен по соборувањето на диктаторот Сухарто, за примање подароци од страна на државните соработници предвидува затворска казна и до 20 години и висока парична глоба.

Во последниве три години на високи затворски казни поради корупција во Индонезија беа осудени тројца министри, неколку директори на државни фирми и банки и стотина пониско рангирани државни службеници, фатени како примаат мито.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени