Индонезиската полиција утре ќе ги блокира приодите кон Џакарта

Од:

Индонезиската национална полиција денеска соопшти дека утре, пред објавувањето на конечните резултати на претседателските избори, ќе ги затвори сите приоди кон главниот град Џакарта.

Оваа мерка се презема како превентива за сузбивање на можните судири меѓу поддржувачите на двата кандидати за претседател на државата, кои треба да бидат убјавени утре вечер.

Шефот на националната полиција, генералот Сутарман, изјави дека со строга контрока за тоа кој евентуално, може да влезе во Џакарта ќе одлучуваат вооружени полицајци на најмалку седум контролни места. Постојаните полициски одреди во главниот град на Индонезија од 9 јули наваму се зјакнати со 26.000 полицајци од внатрешноста и од резервниот состав.

Еден од претседателските кандидати и најверојатно победникот на овие избори Јоко Видодо ги повика своите симпатизери да се воздржат од масовно славје на улиците. Другиот кандидатк Прабово Субианто и денеска дава изјави во кои го напаѓа Видодо за измама, најавувајќи дека конечната одлука кој победил на изборите ќе ја донесе Уставниот суд во август.

Според досега преброените, над 95 посто од 130 милиони гласови, предноста на Јоко Видодо над Прабово Субианто е околу шест отсто, а бидејки за него гласале над 52 проценти од вкупниот број излезени гласачи, ќе нема потреба од втор круг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени