Индонезиската полиција со солзавец и водени топови на студентските протести

Од:

Индонезиската полиција денеска фрли солзавец и употреби водени топови за да растера стотици студенти кои протестираа против високите цени на нафтата и против останувањето на претседателот Џок Видод на таа позиција.

Демонстрантите бегале од местото на настанот пред Парламентот во главниот град Џакарта, додека ТВ каналот „Компас“ објави дека биле фрлени камења во комплексот.

Денешниот митинг беше еден од неколкуте низ Индонезија, вклучително и Јужна Сулавеси, Западна Јава и Џакарта, каде стотици студенти во неонски јакни се упатија кон Парламентот во знак на протест поради зголемувањето на цените и можноста претседателот да го надмине ограничувањето за два мандата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници