Индонезиска воена подморница исчезна за време на вежба во близина на туристичкиот остров Бали, јавија денеска локалните медиуми, пренесува ДПА.
Подморницата од германско производство „KRI Nanggala-402“, денеска, во раните утрински часови, изгуби контакт со командата на околу 95 километри северно од Бали, соопшти порталот Компас.ком.
-Контактот беше изгубен веднаш откако подморницата доби одобрение да се нурне, изјави началникот на индонезиските воздухопловни сили, маршал Хади Тјахјанто.
Армијата веќе побарала помош од Сингапур и Австралија во лоцирање на подморницата, се наведува во извештајот.
Засега не е познато колкав персонал имало во подморницата.
Подморницата е изградена од германската компанија за изградба на бродови Хавалдсверке-Дојче Верфт кон крајот на 1970-тите, пренесува ДПА.