Индонезија воведе мораториум на концесии за експлоатација на прашумите

Од:

Индонезија прогласи комплетен мораториум за издавање на концесии за екплоатација на прашумите, или нивна трансформација во рударски и индустриски капацитети. Мораториумот ќе трае најмалку шест месеци, а дотогаш новото министерство за екологија и шумарство треба да донесе закон со нови прописи за заштита на загрозеното шумско богатство на архипелагот со над 18.000 острови.

Заштитата на шумското богатство беше една од главните точки на претседателската кампања на сегашниот претседател Јоко Видодо кој често го кажуваше податокот дека над милион хектари шуми и прашуми годишно се уништуваат без да се обновува шумскиот фонд.

До 1965 година над 80 посто од површината на индонезискиот архипелаг била покриена со шуми. Зголемувањето на населението од 120 на преку 200 милиони жители, неконторолирана сеча и намерно предизвиканите пожари биле причини шумскиот фонд да се преполови, па Индонезија беше ставена на врвот на списокот на државите виновници за глобалните климатски промени.

Мораториумот, според еколозите, е само привремена и недоволно ефикасна мерка за заштита на шумското богатство. Според еколозите, Индонезија мора да ги зголеми капацитетите за гаснење на пожарите. Само во последниве три месеци на поголемите острови Суматра и Борнео сателитите се реистрирани 2.800 големи пожари со кои луѓето не успевале да се изборат, па се чека сезоната на дождовите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени