Во Индонезија се уапсени 36 осомничени екстремисти, во пресрет на инугурацијата на претседателот Џоко Видодо, на која е планирано да присуствуваат лидерите на азиските земји, соопшти денеска полицијата.
Портпаролот на националната полиција Деди Прасетјо изјави дека лицата се уапсени во текот на минатата недела во осум провинции, по добиените дојави за можни напади врз полицијата и верските места.
Американскикте медиуми потсетуваат дека две лица минатата недела беа уапсени заради напад со нож врз индонезискиот министер за безбедност.
Прасетјо наведе дека 31.000 припадници на безбедносните сили ќе бидат распореднеи во престолнината Џакарта во текот на цермонијата на инугурација на претседателот Видодо во парламентот.
На претседателските избори во април Видодо освои 55,5 отсто од гласовите на избирачите.