Индонезија: Претседателскиот кандидат Видодо и натаму ја докажува својата припадност кон исламот

Од:

Еден од двајцата кандидати за претседател на Индонезија, досегашниот гувернер на Џакарта, кој во анкетите води против ривалот Прабово, минатата недела ја употреби за да докажува дека е лојален припадник на исламот. Преку социјалните мрежи, од противничкиот табор, пред две недели, беше лансирана сторија според која Јоко Видодо е по потекло Кинез и дека неговото семејство, па и тој, биле христијани. За Индонезија, во која од 250-те милиони жители над 90 посто се муслимани, а не е надминато ниту јакото антикинеско чувство, ваквото тврдење може да биде погубно за Видодо на изборите закажани за 9 јули.

Медиумите во Индонезија денеска соопштија дека во саботата Видодо го направил конечниот чекор за да ги убеди своите сограѓани дека е муслиман. Во централна Јава тој, заедно со влијателни муслимански водачи, го посети гробот на својот татко, кој имал сосема некинеско име – Нотомихарјо. Пред тоа Видиодо посети повеќе муслимански училишта, каде што на студентите им ги раскажувал впечатоците од сопствениот аџилак во Мека, како и петте посети на светите места во кои бил со својата сопруга.

Вечерва во Џакарта ќе се оддржи втората телевизиска дебата меѓу двајцата кандидати за индонезиски претседател. Претендентите ќе говорат за своите видувања во економијата, каде што Јоко Видодо, кој потекнува од бизнис заедницата, е многу појак од Прабово кој во политиката влезе од армијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени