Парламентот на Индонезија денеска донесе одлука за ратификација на спогодбата за транснационална контрола на загадување на воздухот, која уште во 2002 година беше предложена како мерка за заштита од загадувањето на воздухот кои најлесто се предизвикани од големиот број пожари во прашумите во југоисточна Азија.
Индонезија е последната членка на АСЕАН што пристапи кон спогодбата, а одложвањето на ваквото решение беше најмногу мотивирано поради обвинувањата на соседните држави за чести намерни пожари во прашумите на индонезиска територија.
Поради пожарите што минатата и оваа година беснееја на островите Суматра и Борнео во Сингапур и Малезија беше забележано рекордно загадување на воздухот со чад. Во овие две држави, а и во поголем дел на Индонезија, густите облаци од чад не ретко беа причина за пречки во воздушниот сообраќај и затворање на меѓународните и локалните аеродроми.
Со пристапувањето кон спогодбата за транснационална борба против загадувањето на воздухот Индонезија се вкључува во системот за следење на пожарите и ветровите, а најважно од се е што во гаснењето на пожарите, освен локалните сили, ќе биде дозволено и учество на противпожарни екипи со специјални бродови и авиони од сите 10 држави на АСЕАН.