Индонезија подготвува прописи за стопирање на задолженоста кон странство

Од:

Индонезиските фискални и монетарни власти денеска соопштија дека се подготвува сет прописи со цел да се закочи темпото на пораст на задолжувањата на државата и приватниот сектор со странски капитал. Во последните пет години процентот на задолжувањата во Индонезија пораснал од 21 на 46,5 посто од вредноста на вкупниот инонезиски извоз.

Во мај годинава, висината на обврските кон странските финансиери изнесувала 283,7 милијарди долари. Над 60 посто од долгот е на приватниот сектор.

Мерките за ограничување на задолжувањата најмногу ќе ги погодат компаниите што се во сопственост на државата. Единствено компаниите од областа на енергетскиот сектор нема да бидат лимитирани за висината на позајмувања од странство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени