Индонезија нарачува 42 француски борбени авиони Рафал

Од:

Џакарта потпиша договор за набавка на 42 француски борбени авиони, со цел да започне модернизација на својата флота. Нарачката вклучува и компонента за обука на пилоти и логистичка поддршка, јави дописникот на МИА.

Договорот за набавка на 42 француски борбени авиони од најновата генерација беше потпишан денеска помеѓу вицемаршалот на воздухопловството Јусуф Јаухари, шеф на агенцијата за набавка на индонезиското Министерство за одбрана и Ерик Трапие, извршен директор на Дасо Авиасион производител на Рафал, во присуство на Пробово Субианто, индонезиски министер за одбрана и неговата француска колешка, Флоренс Парли, како дел од церемонијата организирана во Џакарта.

Ова е седми извозен успех за француските борбени авиони од 2015 година по нарачките од Египет, Катар, Индија, Грција, Хрватска и Обединетите Арапски Емирати.

Со тој договор, Индонезија ја модернизира својата борбена авијација, составена од флота од околу триесет американски Ф 16 и околу петнаесет стари Сухој 27 и 30.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници