Индонезија делумно ќе ја отвори Папуа за странски новинари и меѓународни организации

Од:

Кандидатот за нов претседател на Индонезија Јоко Видодо изјави дека, доколку биде избран, ќе дозволи странски новинари и претставници на меѓународни организации да можат да ја посетат источната провинција Папуа, која до сега е комплетно затворено подрачје за странците.

Во провинцијата, населена со 3,8 милиони жители, освен во неколкуте градови, се уште се живее во племенски заедници, далеку од цивилизацијата. Само неколку дипломатски делегации, во придружба на војници, имале можност да бидат сведоци на животот кој наликува на првобитната заедница.

Индонезија на прилично сомнителен начин во 1969 година приклучи речиси идеална површина од островот Нова Гвинеја, на источниот дел на островот. Забраната за посета на странци во провинцијата се уште предизвикува протести од страна на меѓународни организации за човекови права.

Јаково, кој е најверојатен победник на изборите што ќе се одржат на 9 јули, по посетатата на главниот град Џајапура изјави дека веќе нема што да се крие и дека затоа на странците ќе им дозволи престој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени