Околу 30 рудари останаа зарабони под земја, откако се урна тунел во рудникот за злато, во источна Индонезија.
Инцидентот се случил во еден од најголемите рудници за злато и бакар на светот, Фрипорт-Мекморан Грасбергу, кој се наоѓа во близина на провинцијата Папуа.
-Четири лица успеавме да евакуираме, додека 30 остана заробени и не знаеме во каква состојба се-истакна шефот на локалната полицијата Џермиас Ронтини.
Според официјалните лица на фирмата Фрипорт инцидентот се случил во подземниот дел за обука.
Истакнаа дека спасувањето ќе оди тешко и дека ќе биде потребен подолг временски период за тоа.
Елена Георгиевска