Индонезиец успеа да го натера имамот на локална џамија да го намали звукот кој се слуша од минарето

Од:

Седумдесетгодишен индонезиски муслиман, истрауматизиран од прегласните повици за молитва, успеал да го натера имамот на локалната џамија да го намали звукот, што е нешто невидено во државата со најмногубројно муслиманско население во светот.

Седумдесет и пет годишниот Сајед Хасан поднесе во декември жалба против џамијата во Банда Ачех, главен град на конзервативната провинција Ачех, единствената во Индонезија, во која се применува шеријатот.

Индонезиецот образложил дека петте секојдневни повици за молитва, кои почнуваат во 4:30 часот изутрината му пречат да води нормален живот.

Хасан ја разлутил локална верска заедница и добил дури и закани, поради што бил принуден да се откаже од барањето. И покрај тоа раководството на џамијата отстранило четири од десетте звучници, монтирани на зградата, при што звукот бил намален за половина.

Американц, менаџер на еден хотел на локално островче, пред три години се осудил да го исклучи кабелот од звучниците во околната џамија, поради што отслужи пет месеци затвор поради богохулство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени