Седумдесетгодишен индонезиски муслиман, истрауматизиран од прегласните повици за молитва, успеал да го натера имамот на локалната џамија да го намали звукот, што е нешто невидено во државата со најмногубројно муслиманско население во светот.
Седумдесет и пет годишниот Сајед Хасан поднесе во декември жалба против џамијата во Банда Ачех, главен град на конзервативната провинција Ачех, единствената во Индонезија, во која се применува шеријатот.
Индонезиецот образложил дека петте секојдневни повици за молитва, кои почнуваат во 4:30 часот изутрината му пречат да води нормален живот.
Хасан ја разлутил локална верска заедница и добил дури и закани, поради што бил принуден да се откаже од барањето. И покрај тоа раководството на џамијата отстранило четири од десетте звучници, монтирани на зградата, при што звукот бил намален за половина.
Американц, менаџер на еден хотел на локално островче, пред три години се осудил да го исклучи кабелот од звучниците во околната џамија, поради што отслужи пет месеци затвор поради богохулство.