Индонезиец преживеа две недели на море по бродолом, шестмина починати

Од:

Индонезиец преживеал на отворено море околу две седмици, држејќи се за даска, откако неговиот рибарски брод се судрил со друг, поголем брод. Притоа, неговите шестмина пријатели се удавиле.

Како што соопштија властите денеска, Мухамед Картојо (18) пловел заедно со уште шестмина други рибари покрај Бали, кога нивниот брод бил уништен од ферибот. Момчето било спасено од рибари во вторникот, во водите покрај островот Сулавеси.

– Тие пловеле една седмица држејќи се за она што останало од бродот, но Картојо рече дека, еден по еден, другите луѓе се удавиле. Картојо не се сеќаваше точно кога се случила несреќата, но се верува дека тоа било на 9 март, изјави Крисна Махарта, гласноговорник на Агенцијата за спасување и претрага на островот Бали.

Еден од погинатите рибари е пронајден, а другите петмина се уште се водат како исчезнати.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници