Индија планира оваа година да испрати своја мисија на Марс

Од:

Индија оваа година планира да лансира неколку вселенски мисии, меѓу кои и една на Марс, изјави во денешното обраќање пред Парламентот индискиот претседател Пранаб Мукерџи.

– Нашата вселенска програма е олицетворение на научните достигнувања на Индија. Оваа година се планирани неколку вселенски мисии, вклучувајќи ја и првата индиска мисија на Марс, како и презентирање на нашиот прв навигациски сателит, истакна шефот на државата.

Како што јави ДПА, индиската Влада во април минатата година ја одобри мисијата на Индиската вселенска истражувачка организација (ИСРО) за испраќање сателит во орбитата на Марс.

Портпарол на Организацијата потврди дека лансирањето на мисијата е предвидено за октомври или ноември годинава.

Проектот, кој се претпоставува дека ќе чини 80 милиони долари, следува по индиската мисија на Месечината во 2008 година, за време на која беа пронајдени докази за постоење на вода.

Досега неколку земји се обидоа да испратат истражувачки мисии на Марс, планета која има многу сличности со Земјата. Индија ќе го направи шестиот обид за истражувачка мисија на оваа планета по САД, Русија, Европа, Јапонија и Кина.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата