Индија и Кина постигнаа договор за надминување на проблемот со границата

Од:

Македонија четврт пат со свој штанд во рамки на павилјонот на Југоисточна Европа се претставува на Филмскиот маркет на 66-от Кански филмски фестивал.

На маркетот се презентира македонската кинематографија пред потенцијалните филмски фестивали и копродуценти, како и Македонија како дестинација за снимање на филмови, но и можностите кои ги нуди за копродуцирање со странски држави.

Како што информира Филмскиот фонд на Република Македонија, во саботата на маркетот беше прикажан филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, чија проекција беше организирана од страна на неговиот агент за продажба „The Little Film Company“.

Кратките филмови „Врати“ на италијанскиот режисер Michele De Angelis, независен филм снимен во Македонија на локација во Битола, „Шумарот“ во продукција на Веда филмс (малцинска копродукција со Норвешка) и документарниот „Трагачи по звукот“ на Сузана Диневски се дел од SHORT FILM CORNER.

На 18-ти мај почна и проектот Producers on the move 2013 во организација на European Film Promotion.

Дваесет и девет европски продуценти, меѓу кои и Лабина Митевска од Македонија, ќе ги претстават своите тековни и идни проекти со што го прошируваат кругот на потенцијалните соработници и копродуценти.

Годинашното издание на Канскиот филмски фестивал се одржува од 15-ти до 26-ти мај.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска