„Индепендент“: Таен британски план за „детант“ со Русија

Од:

Британската Влада подготвува „таен план“ за детант со Русија, со попуштање на сегашната затегнатост во односите меѓу Лондон и Москва, открива таблоидското издание „И“ на интернет весникот „Индепендент“.

Британско-руските односи се „замрзнати“ уште од крајот на 2006 година и убиството со радиоактивен изотоп, среде Лондон, на рускиот политички бегалец и дисидент Александар Литвиненко, за што Скотланд Јард обвини двајца Руси и побара екстрадиција.

Подоцна, истрагата што ја спроведе судија-коронер ја обвини официјална Москва за убиството, објаснувајќи дека радиокативен изотоп, за вакви работи може да се обезбеди, само ако државата и нејзнините служби стојат зад убиството.

Во својот прв мандат, поранешниот британски премиер Дејвид Камерон престојуваше во Москва, во обид да се подобрат односите, објаснувајќи го тоа со потребата да се интензивираат билатералните трговски односи.

Тој процес на приближување застана, откако во март 2014 година, Русија го анектира Крим и активно се вклучи во воените судирања во Источна Украина, на проруските бунтовници.

ЕУ и САД реагираа со воведување санкции кон Русија, настојувајќи со дипломатски средства да се најде решение за кризата и да се спречи расцеп на Украина, но Лондон на почетокот се држеше на страна, па Велика Британија не е дел од договорот од Мннск и од процесот што потоа уследи.

Велика Британија меѓутоа активно се вклучи во украинската криза, кога се покрана механизмот на НАТО. Официјален Лондон од тој момент стана најостриот и бескомпромисен критичар на Москва и на претседателот Владимир Путин, поддржувајќи ја ЕУ во политика за остри санкции кон Русија.

Лондонскиот весник „И“ сега тврди дека Велика Британија прави ново свртување во својата политика кон Москва, што треба да се објасни со одлуката за напуштање на ЕУ, па според тоа и за непостоење обврска за придржување кон надворешната политка на Унијата.

Досегашното искуство покажува дека и како членка на ЕУ, Велика Британија имаше своја политика кон Русија, која беше далеку „потврда“ од онаа на Германија и Франција, но сега во почетната фаза од Брегзит, се настојува да се афирмира „независноста“ на земјата.

Сегашниот „детант“ се оправдува со потребата од интензивирање на трговските врски и борбата со тероризмот, што ќе треба да се усогласи со силното британско воено присуство на руските граници, во рамките на НАТО, во обид да се заштити Европа од „руската закана“.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он