Инцидентот на Лондонски мост полицијата го третира како случај поврзан со тероризам

Од:

Британската полиција соопшти дека денешниот инцидент на Лондонскиот мост како „поврзан со тероризам“ и потврди дека застрелала еден маж.

Скај њуз, повикувајќи се на неименувани извори, соопшти дека во инцидентот е убиено најмалку едно лице, кое не е напаѓачот.

„Во овој момент, околностите во врска со инцидентот на Лондонскиот мост и натаму не се јасни. Сепак, од претпазливост, во моментов реагираме како да станува збор за инцидент поврзан со тероризам“, соопшти полицијата преку „Твитер“.

Британскиот премиер Борис Џонсон соопшти дека редовно добива информации за инцидентот и и се заблагодари на полицијата и итните служби на брзата реакција.

Полицијата претходно соопшти дека се повредени неколку лица. „Телеграф“ јави за шестмина повредени, од кои најмалку тројца во животно-загрозувачка состојба.

„Полицијата во притвор задржа еден маж. Веруваме дека неколку лица се повредени“, информираше лонондската полиција.

Според новинар на Би Би Си едно лице со нож нападнало неколкумина на мостот, кои се обиделе да го совладаат. Потоа пристигнала полицијата и испукала неколку куршуми.

Лондонската Итна служба соопшти дека настанот го оквалификувала како „голем инцидент“ и оти неколку тимови излегле на терен.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он