Инцидент во Австрија: Маж извикал „Алах акбар“ и пукал, полицијата го бара напаѓачот

Од:

Вознемирувачки сцени беа снимени во виенската населба Флоридсдорф. Според очевидци, еден млад човек испукал неколку куршуми од пиштол, извикувајќи „Алах акбар“.

Инцидентот се случил синоќа околу 21 часот во близина на скејт-паркот на Боденштетгасе. Видеото, кое е снимено од прозорецот на еден жител, прикажува група млади мажи како бркаат некого низ паркот. Еден од нив држи пиштол и испука неколку куршуми во различни насоки, постојано извикувајќи „Алах акбар“, што на арапски значи „Бог е најголем“.

По пријавите од граѓаните, на местото на настанот веднаш пристигнале големи полициски сили и специјалната единица WEGA, обезбедувајќи ја пошироката област околу Флоридсдорфер Банхоф. Сепак, до моментот кога пристигнала полицијата, сторителите веќе биле заминати и веднаш била започната потрага по нив.

Портпаролот на полицијата, Маркус Дитрих, потврди дека се пронајдени седум чаури, за кои е утврдено дека потекнуваат од таканаречен гасен пиштол, кој може да произведе звук сличен на вистинско огнено оружје, но не е смртоносен.

Покрај криминалистичката полиција, случајот го презеде и Покраинската канцеларија за заштита на уставниот поредок и борба против екстремизмот. Истрагата е во тек, а интензивната потрага по осомничени продолжува.

Виенската полиција ги повика сите граѓани кои имаат информации или видео снимки поврзани со овој случај да ги достават за да се расветли повеќе инцидентот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Масовна пукотница на парада во Луизијана: Mногу повредени, потрагата е во тек

Пет лица се повредени во пукотница во Берлин

Пукање во Чешка: Двајца убиени, четворица ранети во градот Хрибска

Лавини на Алпите, петмина загинати

А1он

Полицаец призна убиство на бремена фитнес инструкторка – играле „игри со задушување“

А1он

Пукање во Будва, убиен е член на Шкаљарскиот клан

Горан Наумовски