Силна снежна бура ја парализира Австрија: Автобус затрупан од лавина, привремено стопирани се летови во Виена

Од:

Обилните снежни врнежи предизвикаа сериозни проблеми низ Австрија, при што најпогодени се источните и јужните делови на земјата. На автопатите се создадоа долги колони, а стотици камиони останаа заглавени поради лошите временски услови.

Во алпската покраина Тирол, лавина затрупа автобус во кој има 11 патници. Нема повредени, но службите интервенираа поради опасноста од нови одрони на снег.

Поради екстремните услови, властите ја затворија обиколницата на Виена во двата правци, а расчистувањето на снегот и натаму е во тек.

Во јужните региони, тежок и влажен снег предизвика прекини во електроснабдувањето откако гранки и дрвја паѓаа врз далноводи. Повеќе од 4.000 домаќинства останаа без струја.

Работата беше нарушена и на Меѓународниот аеродром во Виена, каде авиосообраќајот привремено беше прекинат. Од 117 планирани летови, 19 беа откажани, а властите предупредуваат дека се можни дополнителни доцнења поради продолжувањето на снежната бура.

Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат непотребни патувања додека траат неповолните временски услови.

Би можело да ве интересира

Кнајсл: Дипломатијата на ЕУ не функционира затоа што дипломатите размислуваат како блогери

Кнајсл: ЕУ нема да може да се договори кој ќе преговара со Русија

23-годишник од Македонија пронајден мртов во езеро во Австрија

Банди откопуваат ковчези и крадат златни заби од починатите – осквернавени се над 240 гробови во Австрија

А1он

Драма во Австрија: Три лица загинаа пред ресторан, маж ги уби ќерката и сопругата, а потоа се самоуби

Горан Наумовски

Експлодираше муниција од Втората светска војна, повредени се пет деца