Имигрантите во Белгија ќе плаќаат право на престој

Од:

Државниот секретар за азил и миграција на новата белгиска влада, Тео Франкен, најави дека се подготвува нов закон според кој новите имигранти – студенти, работници, или роднини на членови на семејства веќе етаблирани во Белгија – наскоро ќе плаќаат право на престој доколку сакаат да емигрираат во оваа држава, пишува Мета.

Франкен ова го најави во интервју за белгискиот печат и додаде дека точните суми сеуште не се утврдени, но дека сака “набрзо да се спроведе оваа мерка„.

Сепак предвидени се исклучоци кон оваа мерка за политички азиланти, граѓани на ЕУ и нивните семејства како и медицински регуларизации, најави Франкен.

Тео Франкен е член на националистичката фламанска партија (НВА), која дојде на власт на 11-ти октомври во коалиција со либералите и демохристијаните.

Франкен го пратат многу контроверзи во јавноста, пред се за расистички и хомофобични изјави.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски