Имигрант, бегалец или азилант?

Од:

Б92 – Белград

Од почетокот на бегалската криза, медиумите во Европа користат поими поврзани со темата. Се појавија и нови поими кои често предизвикуваат забуни. Која е разликата меѓу имигрант, бегалец и азилант?

Имигрант во принцип е секој кој од едно место се сели на друго. Без оглед на тоа дали се работи за преселба внатре во една земја или во странство. Кога се зборува за имигранти, по правило се мисли на лица кои местото на живеење го менуваат доброволно, на пример поради семејни причини или поради ново работно место.

Кој се смета за бегалец?

Правно гледано, бегалецот за разлика од имигрантот е лице кое ги исполнува условите од Женевската конвенција за бегалци. Според тие критериуми, бегалец е некој кој поради својата раса, вера, национална припадност, политичко уверување или припадност на одредена општествена група, мора да го напушти своето место на живеење.

Кој се смета за барател на азил?

Лица кои ќе поднесат барање за политички азил, во текот на процесот на проверката за исполнување на условите за стекнување на статусот се нарекуваат баратели на азил. Одлуката за доделување на азил во Германија ја донесува Сојузниот кабинет за миграции и бегалци BAMF. Тој кабинет проценува дали поднесителот ги исполнува условите за стекнување на права на политички азил или статус на бегалец. Се додека тоа барање се решва, подносителот мора да живее во специјални прифатилишта и не му е дозволено да работи.

Кој во Германија има право на азил?

Во германскиот Устав стои: – Политички прогонетите уживаат право на азил.

Како политички прогонет важи човек кој поради политичките уверувања во својата земја до таа мерка е изолиран што дошло до повреда на неговите човекови права. Тешката состојба како сиромаштијата не е причина за пружање на азил. Меѓутоа, по распадот на Варшавскиот пакт дојде до ограничување на основното право на азил. Политички азил може да ужива само лице кое не доаѓа од т.н. сигурни земји на потекло.

Што е безбедна земја на потекло?

Безбедна земја на потекло политички не ги прогонува своите граѓани и не извршува нечовечко или понижувачко казнување. Но, дури ни граѓаните кои доаѓаат од земји кои се карактеризирани како сигурни, не смеат само така да бидат протерани. На секој подносител на барање за политички азил во Германија мора да се пружи прилика правно да докаже дека во земјата на потекло му се заканува опасност. Барањата на лица кои доаѓаат од т.н. безбедни земји по правило се одбиваат, ако не се работи за посебна ситуација.

Што се случува во случај на одбивање на барање?

Во случај на одбивање на барање за доделување на азил или непризнавање на статус на бегалец, лицето мора да ја напушти Германија. Во спротивно му се заканува протерување. И против протерувањето одбиениот подносител на барањето може да поднесе жалба. За временскиот период кој го поминуваат чекајќи на протерување, или ако протерувањето од безбедносни причини во земјата на потекло не е можно, лица со одбиено барање за азил стекнуваат право на т.н. привремен статус Dubling. Тоа може да се однесува и на малолетници без придружба на возрасни.

Лица на кои им е одбиено барањето, ако во земјата на потекло им се заканува голема опасност од војна, мачење или од смртна казна, исто така можат да побараат и т.н. привремена или провизорна заштита. Моментално владее консензус околу тоа дека протерувањето во земји како Сирија, Еритреја, Сомалија или Авганистан е нехумано. Лица со важечки статус на привремена заштита, не смеат да бидат протерани и за почеток стекнуваат статус со едногодишен престој во Германија.

Што е тоа Даблинска постапка?

Германија не одлучува за секое барање за азил. Според т.н. Даблинска постапка на Европската унија, за прашањата за право на азил одговорна е таа земја на ЕУ во која подносителот прво влегол при влезот во Европската унија. Во случај таа земја да важи како сигурна, подносителите на барањето, по правило мора да се вратат назад во таа земја и таму да го поднесат своето барање.

Според германскиот Закон за процесот на стекнување на статус на политички азилант, сите земји на Европската унија, како и Швајцарија и Норвешка, важат за безбедни земји. Но, поради тешката состојба со бегалците, германскиот Сојузен уставен суд донесе одлука Грција повеќе да не се третира како безбедна земја. Затоа германските власти бегалците повеќе не ги протеруваат во Грција.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто