Илон Маск го пофали Медведев на Твитер, а тој го покани на прослава во Москва

Од:

Основачот на SpaceX и најбогатиот човек на светот, Илон Маск, кој најпрвин им помогна на Украинците со активирање на системот Starlink кој им дава пристап до интернет, а потоа го предизвика нивниот гнев со „предлог за мир“ во кој предложи Крим да и се даде на Русија, сега се впушти во бизарен разговор на Твитер со Дмитриј Медведев, поранешниот претседател на Русија и близок сојузник на Владимир Путин.

Вчера Медведев на Твитер објави: „Збогум Лиз Трaс, честитки за салатата“, алудирајќи на вчерашната оставка на британската премиерка, чие владеење во Британија се споредуваше со времетраење на главица зелена салата.

Маск одговори: „Доволно добро тролање, да бидам искрен“.

Медведев одговори: „Се гледаме во Москва на Денот на победата“.

Би можело да ве интересира

Медведев: Украина ќе ја преименуваме во Schweinisch Bandera-Reich

Ана Ололовска

Медведев предвидува тажен исход за Европа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медведев цитираше руски поет: Полска мораше да пропадне

А1он

Медведев го коментираше испраќањето тенкови: „Се зголемува можноста за конфликт со Западот“

Ана Ололовска

Медведев: Западот сака да ја уништи Русија на неодредено време

Политичките лидери пристигнуваат во Давос, на Илон Маск настанот „му звучи досадно“ и нема да присуствува

А1он