Илон Маск го пофали Медведев на Твитер, а тој го покани на прослава во Москва

Од:

Основачот на SpaceX и најбогатиот човек на светот, Илон Маск, кој најпрвин им помогна на Украинците со активирање на системот Starlink кој им дава пристап до интернет, а потоа го предизвика нивниот гнев со „предлог за мир“ во кој предложи Крим да и се даде на Русија, сега се впушти во бизарен разговор на Твитер со Дмитриј Медведев, поранешниот претседател на Русија и близок сојузник на Владимир Путин.

Вчера Медведев на Твитер објави: „Збогум Лиз Трaс, честитки за салатата“, алудирајќи на вчерашната оставка на британската премиерка, чие владеење во Британија се споредуваше со времетраење на главица зелена салата.

Маск одговори: „Доволно добро тролање, да бидам искрен“.

Медведев одговори: „Се гледаме во Москва на Денот на победата“.

Би можело да ве интересира

Тужба против Маск за измами при купувањето на Твитер

Премиерот на Шпанија го обвини Илон Маск дека ја поткопува европската демократија

А1он

Илон Маск сака да го купи Ливерпул

„Не го хранете тролот“ – Олаф Шолц за Илон Маск

Бајден го одликуваше Сорос, Маск објави фотомонтажа: „Ова е травестија“

Маск: Кралот Чарлс треба да го распушти парламентот и да распише избори