Илјадници северноирски протестанти во парадите на „редот на портокаловите“

Од:

Илјадници Северноирци учествуваат денеска во главниот марш на припадниците на протестантскиот „Ред на Портокаловите“ кој традиционално, секоја година се организира на 12 јули.

Организаторите предвидуваат дури 550 паради и маршеви низ цела Северна Ирска, а главната парада оваа година е предвидена да се одржи во Лондондери.

Првите паради кои започнаа во утринските часови, помина главно без инциденти, но со големо полициско присуство на улиците кои се подготвени да интервенираат, доколку дојде до судирања меѓу протестантите и католиците.

Специјалната комисија за паради, која ги определува трасите по кои треба да минуваат маршевите, годинава забрани парадата на „портокаловите“ да минува по улицата што во Белфаст ги раздвојува двете спротивставени верски заедници, во обид да спречи улично насилство.

Тепачките меѓу припадниците на двете заедници и нивната персметка со полциските сили се мошне чести во текот на секоја сезона на маршевите во Северна Ирска. Насилството избувнува секогаш кога парадите на протестантите се преблиску до реоните каде живеат само католици.

Парадите се организираат во спомен на победата на Вилијам од Оранж, над католичкиот крал Џејмс Втори, во битката кај Бојн во Ирска, во 1690 година.

За протестантски верници, Вилијма Трети од Оранж е втемелувач на протенстантизмот на островот кој и сега е повекето католички, додека катлоците се противат на маршевите, затоа што ги сметаат за навредливи, бидејќи го покажуваат „триумфализмот“ на протестантите.

Католиците затоа не дозволуваат парадите да минуваат низ реоните од градовите каде тие живеат.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

А1он

Почина Дејвид Тримбл поранешeн премиер на Северна Ирска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска