„Илјадници Руси, нашите татковци, браќа и сопрузи ќе бидат фрлени во мелница за месо“: Почнува бунт против Путин

Од:

Движењето „Весна“ повика на протестни акции против мобилизацијата што ја најави рускиот претседател Владимир Путин, пренесува независниот руски медиум Медуза.

„Илјадници Руси – нашите татковци, браќа и сопрузи – ќе бидат фрлени во мелница за месо на војната. Зошто да умрат? Зошто мајките и децата да леат солзи?“, се наведува во соопштението на движењето.

Истото движење вчера, пред очекуваното усвојување на измените на рускиот закон во Думата, со кои се воведени термините „мобилизација“, „воена состојба“ и „воено време“, ги повика руските војници да одбијат учество во војната и да се предадат на време, пишува Данас.

Најистакнатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, кој моментално е во затвор, рече дека Путин испраќа повеќе Руси во смрт поради неуспешната војна, пренесува Ројтерс.

„Јасно е дека криминалната војна се влошува, се продлабочува, а Путин се обидува во неа да вклучи што повеќе луѓе“, рече Навални во видео пораката од затворот снимена и пуштена од неговите адвокати.

Навални додаде дека Путин сака да ја извалка крвта на стотици илјади луѓе во овој конфликт.

Да потсетиме, Владимир Путин утрово најави делумна мобилизација во Русија.

Обраќајќи им се на Русите, тој рече дека тоа е направено „за да се заштити нашата татковина, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, со цел да се обезбеди безбедноста на нашиот народ и народот на ослободените територии“. Само граѓаните кои се во резерва ќе подлежат на задолжителен воен рок, рече тој.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ