ВИДЕО: Илјадници починати во домовите за стари лица во Англија

Од:

Повеќе од 6.000 лица починаа од новиот коронавирус во домовите за стари и изнемоштени лица во Англија за три недели, а таквата „драматична ситуација“ и понатаму се влошува иако епидемијата во Обединетото Кралство почнува полека да се намалува, соопшти Заводот за национална статистика.

Вкупно 6.391 смртен случај, поврзан со новиот коронавирус, е потврден во домовите за стари и изнемоштени лица од 10 април до 1 мај, од кои 2.044 се регистрирани во последната недела од минатиот месец, покажуваат податоците кои се однесуваат само за Англија.

– Бројот на починати во земјата на дневна основа полека се намалува, што охрабрува, истакна Ник Стрип, аналитичар од Заводот за статистика, додавајќи дека болниците бележат околу 75 отсто повеќе починати од вообичаеното за овој период од годината.

Сепак, ситуацијата е многу тензична бидејќи Велика Британија е држава со најголем број на смртни случаи поврзани со Ковид-18 во Европа.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он