Илјадници луѓе вчера присуствуваа на музички фестивал во Вухан, кинескиот град за каде се верува дека е регистриран првиот случај на коронавирусот.
На висока температура на првиот ден од мај, Меѓународниот ден на трудот, кој во Кина масовно се слави, луѓето танцуваа, скокаа и воодушевуваа викаа додека некои од нивните омилени музичари излегуваа на сцената, јавија локалните медиуми.
Дводневниот фестивалот се врати во Вухан по едногодишна пауза поради пандемијата на Ковид-19, а организаторите изјавија дека публиката е ограничена, додавајќи дека присуствувале 11.000 луѓе.
Некои од гледачите носеа маски, но многумина не, јавија медиумите.
На дводневниот настан настапуваат познати и помалку познати локални пејачи и бендови на три сцени во Вухан Гарден Експо паркот.
„Строубери Мјузик фестивал“се одржува и во други кинески градови, вклучително и во Пекинг, за време на националниот празник.