„Волстрит џурнал“: Ковид-19 можно е да протекол од лабораторија во Вухан

Од:

Според извештај на САД за потеклото на Ковид-19, хипотезата дека новиот коронавирус протекол од кинеска лабораторија во Вухан е можна и заслужува понатамошна истрага, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на извори запознати со содржината на тајниот документ.

Студија на Националната лабораторија на САД – Националната лабораторија Лоренс Ливермор во Калифорнија, беше подготвена во мај минатата година и испратена до американскиот Стејт департмент кога се истражуваше потеклото на пандемијата, за време на последните месеци на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Проценката на американската лабораторија дека вирусот „избегал“ од лабораторијата, според „Волстрит џурнал“, произлегла од анализа на геномот на вирусот Ковид-19. Сепак, лабораторијата на Лоренс Ливермор одби да го коментира написот.

Американскиот претседател Џо Бајден во мај рече дека побарал помош за да најде одговори за потеклото на Ковид-19.

Според американските разузнавачки агенции, постојат две можни сценарија – дека вирусот се проширил по лабораториска несреќа или бил предизвикан од човечки контакт со заразено животно, но заклучоците се уште не се донесени.

Во таен извештај на разузнавачките служби на САД, што циркулираше за време на администрацијата на Трамп, се вели дека тројца научници од кинескиот институт за вирусологија во Вухан во ноември 2019 година биле болни и побарале болничка нега.

Би можело да ве интересира

Во Кина драстично намален бројот на тешки случаи и смрт од Ковид-19

Ана Ололовска

Кина пријави голем скок на бројот на хоспитализирани со коронавирус

Ана Ололовска

Во Косово граѓаните повикани да носат маски и да се вакцинираат

Ана Ололовска

СЗО: Кина и натаму не дава точни податоци за бројот на починати од Ковид-19

Ана Ололовска

Речиси 90 отсто од населението во Хенан е заразено со Ковид, тврди директорот на здравствената комисија за провинцијата

Ана Ололовска

Кина ги отвори границите

Ана Ололовска