Илјадници Кинези протестираа поради бавната реакција на властите по тајфунот Фитоу

Од:

Кинеските власти денеска повикаа на мир во источниот град Јујао, во провинцијата Чацијанг, откако илјадници луѓе излегоа на протести поради бавната реакција на властите на поплавите, предивикани од тајфунот Фитоу, јави ДПА, повикувајќи се на информации на кинески весник и на изјави на очевидци.

Провинциски претставник на владејачката Комунистичка партија на Кина ги повика жителите на Јујао да се „воздржат од радикални активности“ и нагласи дека владата се обидува да направи се што е во нејзина можноста за справување со последиците од тајфунот Фитоу, што минатата недела го погоди градот, објави кинескиот весник на англиски јазик „Глобал тајмс“.

На видео снимките објавени на Интернет, се гледаат стотици луѓе како стојат пред кордони на припадници на полициските единици за справување со безредијата, пред градскиот совет во Јујао.

Според оценки на учесницит на протестот, на собирот имало речиси 10.000 лица, додека според весникот „можеле да се видат само околу 2.000 демонстранти“.

Полицијата уапсила неколку демонстранти затоа што фрлале тули и превртеле служебни автомобили, а некои луѓе биле повредени, тврдат за весникот локални жители.

Демонстрантите се жалат дека напојувањето со електрична енергија во некои региони е се уште во прекин, а евакуацијата за време на поплавите задоцнила.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина