Илјадници Иранци бараат одмазда на годишнината од смртта на Хамнеи

Од:

Илјадници Иранци, претежно религиозни конзервативци, се собрааво Мавзолејот на Имам Хомеини во јужен Техеран за да ја одбележат 37-годишнината од смртта на основачот на Исламската Република, ајатолахот Рухолах Хомеини. Демонстрантите, исто така, повикаа на одмазда против САД за тековната војна.

Некои од демонстрантите мавтаа со црвени знамиња на кои пишуваше „одмазда“, додека други носеа слики од покојниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Хамнеи, наследникот на Хомеини, беше убиен во воздушен напад на 28 февруари, што предизвика војна меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна.

Учесниците на митингот, со кои разговараа новинарите на CNN изразија скептицизам во врска со сегашните напори за постигнување мировен договор со САД. Наместо тоа, тие рекоа дека очекуваат одмазда од нивното раководство за атентатот врз Хамнеи.

Би можело да ве интересира

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено