Илјадници демонстранти бараат Обама да претстави конкретни мерки против глобалното затоплување

Од:

Илјадници демонстранти се собраа денеска пред Белата куќа, со цел претседателот Барак Обама да претстави конкретни мерки за справување со глобалното затоплување.

При преземањето на вториот претседателски мандат Обама посвети сериозно внимание на климатската заштита и го повтори ветувањето во неодамнешното обраќање „За состојбата на Унијата“.

Според еден од организаторите на протестот, „Сиера клуб“  околу 30.000 демонстранти се собрале денеска во близина на Белата куќа.

Протестите се организираат во пресрет на уште една средба на Управниот одбор на Програмата на ОН за заштита на животната средина, што почнува утре во Најроби.

САД минатата година се соочија со рекордно високи температури, суша и ураганот Сенди, кои ги погоди североистичните делови.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас