Илјада и триста напади врз француски веб сајтови од исламистичките хакери

Од:

Исламистичките хакери извршиле илјада и триста напади врз француски веб сајтови по атенатите од 7 и 9 јануари, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев, јавува дописникот на МИА од Париз.

Меѓу нападнатите се наоѓаше и дневниот весник Ле Монд, кој тоа го признава во своето најново издание.

Нападот бил извршен преку електронската пошта упатена до новинарите на весникот, адресирана од нивни колеги во која биле повикани да посетуваат друга веб страница на Би-Би-Си.

Една од целите на хакерите биле да се најде лозинката на Твитер профилот на весникот, кој има три милиони претплатници. Нивнаат цел биле новинарите кои имаат пристап до профилот. Но поради безбедносни причини, новинарите никогаш не ги добиле лозинките по електронска пошта. Тие се обидуваат да испратат порака до еден од членовите на редакцијата во името на еден нивни колега со пораката „не можам да се вклучам во профилотм поради лозинката?“, Во тој момент е сфатено дека најмалку една од електронските пошти е пиратирана.

Истовремено пиратите кои се потпишале како „Сириска електронска армија“ се обиделе да објават содржини на веб страницата на Монде.фр, но тие успеале да стигнат само до алатките за нивно објавување, без притоа да станат видливи за корисниците на интернет.

Откако не успеале да објават содржини на веб страницата, тие се обиделе да го блокираат серверот на весникот со испраќање на бројна електронска пошта.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски