Емисиите на јаглерод диоксид, поврзани со производството на енергија, во 2017 година бележи раст по тригодишната стагнација. Тоа покажува дека светот не вложува доволно напори во борбата против климатските промени, се наведува во соопштението на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).
Поради силниот земјоделски раст, глобалната поторошувачка на енергија минатата година порасна за 2,1 отсто. Околу 70 проценти од зголемената потрошувачка се подмирени од фосилни горива – нафта, гас и јаглен, поради што емисите на јаглерод диоксид што се поврзани со производството на енергија имаат раст на глобално ниво од 1,4 проценти.
Останатиот дел од потрошувачката воглавно се подмирени од обновливи извори.
– Значителен раст на глобалните емисии на јаглерод диоксид поврзани за енергијата во 2017 година покажува дека напорите што се вложуваат во борбата против климатските промени не се доволни, изјави извршниот директор на ИЕА, Фејт Бирол.
Покрај глобалното зголемување на емисиите на јаглерод диоксид, во САД, Велика Британија, Мексико и во Јапонија забалежан е најголем пад на штетните емисии благодарение на интензивираната употрена на обновливите извори на енергија.