А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

ИДФ: Убиен е основачот и организаторот на Хамас на нападот од 7 октомври

by А1он29/06/2025 - 21:58219
Share0

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека еден од основачите и организаторите на Хамас на нападот врз Израел од 7 октомври 2023 година е убиен во воздушен напад во градот Газа.

Добивај вести на вибер

Во соопштението се наведува дека убиениот Хакем ал-Иса бил главен командант на дивизијата за борбени операции и административна поддршка на военото крило на Хамас.

Се наведува дека тој бил убиен синоќа во напад врз населбата Сабра во градот Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Според соопштението, Иса бил „клучна фигура и еден од последните високи оперативци на Хамас кои држеле високи позиции пред нападот од 7 октомври и останале во Појасот Газа“.

„Во минатото, Иса го водеше зајакнувањето на силите на Хамас во Појасот Газа и беше еден од основачите на оперативната дивизија на военото крило, а беше и раководител на дивизијата за обука, како и член на генералниот воен совет на движењето“, соопшти ИДФ.

Иса, исто така, одигра „значајна улога во планирањето и извршувањето на масакрот од 7 октомври 2023 година“, се вели во соопштението.

Израелската војска додаде дека за време на војната и во најновиот период, Иса работел на подготовка на терористички напади од воздух и море против израелски цивили и персонал на ИДФ во Појасот Газа.

„Иса, исто така, работел на обнова на редовите на Хамас кои претрпеа загуби за време на војната“, се вели во соопштението.

hamasIDFizrael

Би можело да ве интересира

Лапид: Најголемата дипломатска катастрофа во нашата историја

Горан Наумовски08/04/2026 - 12:13

Нетанјаху: Прекинот на огнот не го вклучува Либан

Горан Наумовски08/04/2026 - 06:58

САД и Иран се согласија за двонеделен прекин на огнот, се слави победа во Техеран

Предраг Петровиќ08/04/2026 - 03:16

Бомбардерите Б-52 полетаа кон Иран

Предраг Петровиќ07/04/2026 - 22:46

Иран до Трамп: Не ти се плашиме, иранската цивилизација ги преживеала заблудите на непријателите илјадници години

Предраг Петровиќ07/04/2026 - 19:3207/04/2026 - 19:33

ВИДЕО: Ултиматумот на Трамп предизвика хаос: Иранците формираат „човечки штитови“ на мостовите

Предраг Петровиќ07/04/2026 - 18:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто