ИДФ проценува дека ноќеска над 20.000 Палестинци ја напуштија Газа

Од:

Според Израелските одбранбени сили (ИДФ), досега повеќе од 320.000 Палестинци се евакуирани од градот Газа во други делови од Појасот, а околу 20.000 луѓе го напуштиле градот преку ноќ.

Минатата недела, Палестинците во градот Газа беа повикани да се евакуираат пред планираната офанзива на ИДФ против палестинското милитантно движење Хамас во областа, објави денес „Тајмс оф Израел“.

Се проценува дека околу еден милион Палестинци живееле во градот Газа пред израелската војска да започне со подготовките за голема офанзива против Хамас.

На цивилите им е наредено да се упатат кон хуманитарната зона одредена од Израел во јужна Газа, но многу жители на Газа велат дека никаде во Газа не е безбедно.

Би можело да ве интересира

Ништо не е завршено: Иран има илјадници ракети и капацитет да го обнови својот арсенал

Аун: Прекинот на огнот е единственото решение што води кон преговори со Израел

Израел: Повеќе од 7.500 повредени од почетокот на конфликтот со Иран

Од почетокот на војната во Газа, убиени се 262 новинари

Миршајмер: Израелците ќе употребат нуклеарно оружје против Иран

Техеран поставува услови: Планот од 10 точки на Иран станува основа на мировните преговори