ИДФ го пронајде телото на Јехудита Вајс која беше киднапирана од Хамас

Од:

Израелската војска објави дека го пронашла телото на Јехудита Вајс, израелски цивил за кој се верува дека билa земенa како заложник од Хамас на 7 октомври.

Посмртните останки на Вајс, жител на јужниот дел на Кибуц Беери, се пронајдени во близина на зграда до болницата Ал-Шифа која служи како складиште за воено оружје, соопшти ИДФ.

Тајмс оф Израел пишува дека Вајс, мајка на пет деца, била киднапирана од Кибуц Беери. Телото на нејзиниот сопруг, Шмулик Вајс, беше пронајдено во безбедната соба на нивниот дом набргу по рацијата на милитантите. Израелците не сакаа да дадат повеќе информации за причините за смртта на заложникот.

Од ИДФ посочуваат дека телото е идентификувано од форензичари и дека семејството е информирано. Израелската армија тврди и дека покрај телото, во зградата биле пронајдени и пушки и гранати.

„Националната задача пред нас е да ги лоцираме исчезнатите и да ги вратиме киднапираните во нивните домов. ИДФ работи заедно и во целосна координација со релевантните национални и безбедносни институции за да ги исполни овие задачи. Ние нема да ја напуштиме мисијата додека таа не биде завршена“, заклучија израелските безбедносни сили.

Телото го пронашол 603-от борбен инженерски баталјон на ИДФ кој дејствувал во Газа како дел од операцијата Железни мечеви.

Би можело да ве интересира

Израел: Пронајдовме тела на пет заложници во Газа

Израелските сили пукаат врз Палестинците во Шеџаја

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on