ИДФ ги повикаа сите жители на Појасот Газа да го напуштат северот, особено градот Газа

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес ги повикаа сите жители на Појасот Газа да го напуштат северот, особено градот Газа, и да се упатат кон Ал-Маваси, крајбрежна област на југ, пред планираното проширување на воената офанзива.

Портпаролот на ИДФ, Авичаи Адраи, го упати повикот на арапски јазик на платформата X и рече дека хуманитарните услови во Ал-Маваси ќе бидат подобрени, вклучувајќи медицинска помош, вода и храна.

„Приближувањето или враќањето во конфликтни зони или области каде што дејствуваат израелските сили ги загрозува животите на цивилите“, предупреди Адраи, според „Тајмс оф Израел“.

Иако Израел објави план за целосно евакуирање на градот Газа пред три недели, проценките покажуваат дека досега само околу 10.000 луѓе се преселиле на југ, додека околу еден милион сè уште остануваат во градот.

ИДФ најавува интензивирање на борбените операции на север, што дополнително го зголемува притисокот врз цивилното население да ја напушти областа.

Би можело да ве интересира

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето