ИДФ ги повика Палестинците да се евакуираат од крајбрежните населби во северниот дел на Газа

Од:

Израелската армија денеска ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија.

Портпаролот на ИДФ на арапски, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во засолништа западно од градот Газа, пишува The Times of Israel.

Минатиот викенд, ИДФ издаде предупредување за евакуација на градот Џабали, пред да биде извршен нападот.

Оттогаш, армијата двапати ја прошири зоната за евакуација, а најновото соопштение ги вклучи областите Ал-Ататра и Ал-Карам на брегот на Газа.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да ја запре офанзивата во Рахаф

„Њујорк тајмс“: Европа се одвраќа од Израел, го доживува како агресор

Пронајдени се телата на уште тројца заложници во Газа

Најмалку 35 Палестинци загинаа во Појасот Газа

Вафа: 20 лица загинаа во воздушен напад врз бегалски камп во Газа

Израел брутално ја напаѓа Газа додека советникот на Белата куќа е во регионот

Горан Наумовски