Данската полиција соопшти дека се идентификувани сите загинати во железничката несреќа и дека сите осум жртви се Данци. Тројца од нив се мажи, а пет се жени. Сите се на возраст од 27 до 60 години. Во несреќата што се случи во средата беа повредени 16 луѓе.
Точните причини за несреќата сè уште се утврдуваат. Според првичните информации, до несреќата дошло поради пакети со пиво кои испаднале од товарен воз кој се движел пред патнички воз кој удрил во нив.
Мостот Сторебелт, на кој се случи несреќата, ги поврзува островите Сјеланд и Фин.