Американски официјални лица соопштија дека се идентификувани пет мажи кои се осомничени за напад врз конзулатот на САД, во либискиот град Бенгази 2012 година.
Според нив доказите се доволни осомничените да одговараат за тероризам, но не да им суди и цивилниот суд, како што сака американската администрација.
Официјалните лица велат дека осомничените се уште се на слобода и дека Федералното истражувачко биро (ФБИ) и понатаму собира докази.
Одлуката на американската влада осомничените за нападот во Бенгази да не бидат приведени од страна на војската укажува на целта на американската влада да им се суди како на криминалци.
Во нападот на исламските екстремисти врз конзулатот во Бенгази на 11-ти септември 2012 загинаа американскиот амбасадор Кристофер Стивенс и уште тројца Американци.
Елена Георгиевска