Идентификуван напаѓачот од Копенхаген

Од:

Мажот осомничен за убиство на две лица во Копенхаген вчера е идентификуван од данските медиуми како Омар Ел Хусеин, пренесува Танјуг.

Данскиот таблоид „Екстра Бладет“ објави дека 22-годишниот Ел Хусеин бил пуштен од затвор пред две недели по отслужување на казна затвор за тежок физички напад.

Полицијата во Данска претходно објави дека напаѓачот, убиен во полициска акција по двата смртоносни напади во Копенхаген, можеби бил инспириран од минатомесечните терористички напади во Париз.

Мажот, за кого се верува дека е единствениот одговорен за нападите, бил и претходно познат на разузнавачките служби, се наведува во соопштението на полицијата.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ