ИД зазеде нафтено наоѓалиште во централна Сирија

Од:

Групацијата Исламска држава зазеде нафтено наоѓалиште во пустински регион во централниот дел на Сирија, соопшти денеска Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Тоа било последното поголемо нафтено поле во Сирија, под контрола на режимот на претседателот Башар ал Асад.

Според Центарот наоѓалиштето Џазаил веќе е целосно под контрола на ИД. Тоа се наоѓа северозападно од древниот град Палмира.

Центарот соопшти и дека 16 џихадисти, меѓу кои пет странци се убиени во Рака во воздушен напад на меѓународната коалиција, предводена од САД.

Би можело да ве интересира

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад