Припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) минатата ноќ започнаа нова офанзива врз Кобане и извршија два самоубиствени напади со автомобил-бомби во северниот дел на овој сириски град.
– Веднаш по двата самоубиствени напади, џихадистие започнаа офанзива на сите фронтови во градот, кој и натаму е под контрола на Курдите, соопшти директорот на Сирискиот центар за мониториниг на човековите права, Рами Абдел Рахман.
Тој нагласи дека според податоците на неговата организација, жестоките борби во Кобане започнале околу 22 часот по средноевропско време, додавајќи дека засега нема информации за бројот на жртвите.
Во исто време, ирачки воен претставник информира дека припадници на ИД извршиле напад и врз градот Кара Тапах во северен Ирак, кој е под контрола на силите на ирачките Курди.
Нападот врз градот, што се наоѓа на околу 50 километри од ирачката граница со Иран, џихадистите го започнале на два фронта.
Според истиот извор, при судирите загинале најмалку 10 лица – седуммина курдски борци и тројца цивили, а илјадници жители на Кара Тапах го напуштиле градот.
– Речиси половина од жителите избегаа. Станува збор за 9.000 луѓе, изјави жител на Кара Тапах.