ИД со закани кон коосновачот на Твитер, Џек Дорси и вработени во социјалната мрежа

Од:

Твитер и американските власти ги разгледуваат заканите, упатени од Исламска држава кон коосновачите и вработените во социјалната мрежа, јави Ен-Би-Си.

Поддржувачите на радикалната групација повикале вчера за напад врз Твитер и упатиле смртни закани кон вработените, меѓу кои и коосновачот Џек Дорси.

ИД често пати ги користи Твитер и другите социјални мрежи за објавување изјави и видеозаписи со обезглавување и насилнио дејства. Тие социјални мрежи ги затвораат профилите, кои објавуваат такви содржини.

– Вашата виртуелна војна против нас ќе доведе до вистинска војна против вас. Од самиот почеток ви кажавме дека тоа не е ваша војна, но не разбравте и продолживте да ги затворате налозите на Твитер, но ние секогаш се враќаме, пишува на еден од твитовите на ИД.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, а сега вреди помалку од 20 милијарди долари

Ана Ололовска

На Twitter не работи речиси ништо

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Твитер продолжува да отпушта вработени

Ана Ололовска

Маск: Ќе ја напуштам функцијата шеф на Твитер штом најдам некој доволно глупав за оваа работа

Ана Ололовска