ИД разурна католички манастир во Сирија

Од:

Групата Исламска држава разурна католичкиот манастир Мар Елиан во централната сириска провинција Хомс, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човекови права.

Исламистите со булдужери го урнале манастирот во градот Карјатејн, кој е заземен од ИД на почетокот од август. Градот се наоѓа во близина на патот кој го поврзува античкиот град Палмира со планините Каламун на сириско-либанската граница.

Католичкиот манастир Мар Елиан е изграден во петтиот век од нашата ера. Снимки од уривањето на манастирот ИД објави на социјалните мрежи.

ИД при заземањето ан градот Карјатејн киднапираа 230 лица, меѓу кои и христијани. Од киднапираните христијани 48 беа ослободени, а 110 беа префрлени во Рака, бастион на ИД, каде беа условени да го прифатат исламот или да платат откуп.

Би можело да ве интересира

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад