Исламска држава почна нова офанзива против сириските бунтовници северно од Алепо, освојувајќи подрачје во близина на турско-сириската граница, каде Турција и САД сакаат да создадат слободна зона од ИД.
Десетици лица загинале од двете страни во борбите околу градот Мареа на 20 километри јужно од границата со Турција, каде бомбаши-самоубијци синоќа активираа четири бомби.
Сириската Опсерваторија за човекови права соопшти дека во борбите во Мареа загинале најмалку 25 бунтовници и осум припадници на ИД.
ИД тврди дека нападнача две згради во Мареа и убила околу 50 припадници на Сириската слободна армија.