ИД обучува руски екстремисти во Авганистан

Од:

Терористичката организација Исламска држава (ИД) обучува руски екстремисти во Авганистан, а меѓу оние кои ги обучуваат има и лица со американски и британски пасоши, изјави денеска специјалниот пратеник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кабулов.

– Задачата на неколку центри за обука на ИД е обучување на екстремисти од централна Азија и неколку руски области, истакна Кабулов, додавајќи дека во овие капмови обуката се врши на руски јазик.

Тој нагласи дека во центрите има различни инструктори, меѓу кои се Арапи, Пакистанци, како и луѓе со американски и британски пасоши.

Според податоците на руската разузнавачка служба, 3.500 екстремисти во Авганистан се приклучиле кон ИД, а тој број постојано се зголемува.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан